🎥 КАРЛА БРУНИ ГИ ИЗГУБИ НЕРВИТЕ ПРЕД КАМЕРИТЕ Чудна реакција на сопругата на Никола Саркози, по пресудата
Карла Бруни, поранешната топ-моделка и кантавторка, инаку, сопруга на поранешниот француски претседател Никола Саркози, застана покрај својот маж откако тој беше осуден на пет години затвор за заговор поврзан со Либија.
„Љубовта е одговор“, напиша Карла Бруни на Инстаграм со хаштагот „омразата нема да победи“, по пресудата со која нејзиниот сопруг, поранешниот француски претседател Никола Саркози беше осуден на пет години затвор. Пресудата беше построга од очекуваното и прва од ваков вид во модерната француска политичка историја. Саркози, кој ја водеше Франција од 2007 до 2012 година, ќе биде првиот поранешен претседател кој ќе отслужи затворска казна, дури и ако неговата жалба биде прифатена – тој веќе најави дека ќе се жали.
По пресудата, додека 57-годишната Бруни беше покрај него, 70-годишниот Саркози рече: „Ако навистина сакаат да спијам во затвор, ќе спијам во затвор – но со крената глава“.
Додека одеа кон автомобилот што ги носеше до нивната резиденција во луксузниот 16-ти арондисман во Париз, Бруни за момент ги изгуби нервите и ја извлече црвената навлака од микрофонот на истражувачкиот портал Медиапарт, а потоа го фрли на подот.
Истрагата против Саркози беше покрената во 2013 година, откако Медиапарт објави наводен документ на либиското разузнавање од декември 2006 година, во кој се споменува договор со тогашниот либиски лидер Моамер Гадафи за финансирање на претседателската кампања на Саркози. Саркози се ожени со Бруни – неговата трета сопруга – во 2008 година, на почетокот на неговиот мандат, по кратка и турбулентна романса и кратко по разводот од неговата втора сопруга, Сесилија. Со Карла има ќерка, родена во 2011 година.
Италијанка по раѓање, Бруни го донесе гламурот на шоу-бизнисот и модата во претседателската канцеларија – го придружуваше Саркози на државни посети, позираше во црвен фустан на покривот на Елисејската палата и ја напиша за него песната „Мојот Рејмонд“, во која го опишува како „пират со вратоврска“ кој никогаш не се откажува.
Иако Саркози е нејзин прв сопруг, Бруни порано се нарекуваше себеси „кротителка на мажи“ и имаше низа љубовни врски со интелектуалци и рок-ѕвезди, вклучувајќи ги Мик Џегер и Ерик Клептон.
И покрај повеќегодишните правни проблеми, Саркози останува почитувана личност и ментор на многу политичари од француската десница – вклучувајќи го и новиот француски премиер Себастијан Ле Корнеј, кој побара совет од Саркози веднаш по неговото назначување овој месец, пишува Ројтерс.
Carla Bruni arrache la bonnette du micro de Mediapart à la fin du discours de Sarkozy après sa condamnation. La mauvaise… pic.twitter.com/sWrUxNkXjJ
— Nils Wilcke (@paul_denton) September 25, 2025