„ПОСТРОГО СО РУСИЈА, НО НЕ ДА УРИВАМЕ АВИОНИ“ Макрон има поблаг став од Трамп за можните инциденти
Сепак, тој потенцираше дека не треба да се отвора оган врз руските сили при ваквите акции, со што влезе во спротивставено мислење со американскиот претседател Доналд Трамп. Вчера, на новинарско прашање дали НАТО треба да соборува руски авиони доколку го нарушат нивниот воздушен простор, Трамп одговори потврдно.
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави денеска дека земјите-членки на НАТО треба да реагираат построго во случај на нови провокации од Русија, особено во воздушниот простор на Источна Европа.
– Ако некој повторно ве провоцира, мора да реагирате на малку поцврст начин – изјави Макрон во Њујорк, каде што учествува на Генералното собрание на Обединетите нации, во интервју за телевизијата „Франс 24“ и „Радио Франс ентернасионал“ (RFI).
Сепак, тој потенцираше дека не треба да се отвора оган врз руските сили при ваквите акции, со што влезе во спротивставено мислење со американскиот претседател Доналд Трамп. Вчера, на новинарско прашање дали НАТО треба да соборува руски авиони доколку го нарушат нивниот воздушен простор, Трамп одговори потврдно.
Според Макрон, досегашната колективна реакција на НАТО на неколкуте упади на руски дронови во воздушниот простор на Алијансата била пропорционална.
Во понеделникот Данска беше принудена да го затвори аеродромот во Копенхаген поради прелет на беспилотни летала со непознато потекло. Овој месец и Полска, Романија и Естонија пријавија нарушувања на нивниот воздушен простор од руски дронови.