ТЕШКО ПОВРЕДЕН ТУРЧИН „ИСТОВАРЕН“ ПРЕД КЛИНИЧКИ Починал набрзо по приемот
По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Тешко повреден турски државјанин бил донесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ на 23.09.2025 околу 16:40 часот во СВР Скопје.
Од Клиничкиот центар е пријавено во полиција дека со приватно возило од едно лице кај нив со тешки телесни повреди бил донесен М.А.О.(61) од Турција, а откако го оставило повредениот, лицето со возилото заминало. Повредениот околу 19:30 часот починал, а лекар констатирал смрт.
По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција и се преземаат мерки за расчистување на случајот.