МЕСИ МУ ПИША НА ДЕМБЕЛЕ, ДЕМБЕЛЕ СЕ ПОФАЛИ Асот на ПСЖ доби честитка од некогашниот соиграч

Дембеле и Меси беа соиграчи од 2017 до 2021 година во Барселона, а нивното партнерство на теренот остана симбол на уметноста во фудбалот. Меси, кој денес игра за Интер Мајами во САД, со овој потег покажа дека и без трофеи, зборовите тежат најмногу.

341

„Браво, Ус! Честитки, многу сум среќен за тебе. Го заслужуваш тоа“.

Вака напиша Лионел Меси, легендарниот фудбалски ас и најтрофеен добитник на „Златната топка“, откако Осман Дембеле конечно ја доби својата прва. Ваква јавна поддршка од Меси, кој ретко се огласува на социјалните мрежи, ја објави самиот Дембеле во објава на Инстаграм, каде неговиот поранешен соиграч од Барселона го поздрави со најискрени зборови.

 






 

View this post on Instagram

 

A post shared by ESPN FC (@espnfc)

Францускиот репрезентативец и играч на ПСЖ ја доби престижната награда за најдобар фудбалер на светот на свеченоста во Париз, оставајќи зад себе големи имиња. Иако не е новост Меси да се најде во близина на победниците, овој пат, неговиот емотивен гест беше во центарот на вниманието.

Двајцата беа соиграчи од 2017 до 2021 година во Барселона, а нивното партнерство на теренот остана симбол на уметноста во фудбалот. Меси, кој денес игра за Интер Мајами во САД, со овој потег покажа дека и без трофеи, зборовите тежат најмногу.

Поврзани содржини