📽️ НЕ МИ ДАДОВТЕ ДА ЈА РЕНОВИРАМ ЗГРАДАТА НА ОН, СЕ ПОЖАЛИ ТРАМП Шефот на САД уште тажи по мермерниот под
Сфатив дека во Обединетите Нации немаат поим од градба. Нивните концепти беа погрешни, а производот кој сакаа да го направат, скап и катастрофален. Дури ни мермерните подови кои јас им ги ветив, не ги добија, Чекорите по терацо, свесни сте за тоа?, изјави шефот на САД од говорницата во ОН правејќи метафора за, како што вели, проблемите на оваа организација.
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ги критикуваше Обединетите нации, но овојпат, поради неуспешниот обид од почетокот на 2000-тите да биде избран за реновирање на седиштето во Њујорк. На Генералното собрание на ОН, тој не го скри разочарувањето што бил одбиен за проект вреден милијарди долари.
– Тие решија да тргнат во друга насока, која тогаш беше многу поскапа, и која всушност резултираше со многу полош производ – рече Трамп од говорницата.
Реконструкцијата почнала во 2008 година со првична проценка од 1,2 милијарди долари, но на крајот чинела 2,3 милијарди. САД дале 488 милиони. Трамп уште во 2005 година сведочел во Сенатот дека цената ќе биде повисока и побарал тој да го изведе проектот.
– Сфатив дека немаат поим од градба. Нивните концепти беа погрешни, а производот кој сакаа да го направат, скап и катастрофален. Дури ни мермерните подови кои јас им ги ветив, не ги добија, Чекорите по терацо, свесни сте за тоа? – изјави тој пред Собранието.
Неговото излагање почнало со поплака за тоа што не му работел телепромптерот. А и ескалаторот во зградата бил блокиран.
– Искрено, кога гледаш каква е зградата и кога ќе заглавиш на ескалатор, сфаќаш дека уште не е завршена – истакна Трамп.
Trump spoke about a massive corruption scandal during the renovation of the UN headquarters in New York
“They had massive cost overruns and spent between $2 billion and $4 billion on the building and did not even get the marble floors. You walk on terrazza. Do you notice that?… pic.twitter.com/cWJLdnXl6K
— Visegrád 24 (@visegrad24) September 23, 2025
Коментарот на Трамп за ескалаторот се однесуваше на фактот дека пред да започне со говорот Трамп мораше да се справи со расипан ескалатор, кој застана штом тој и неговата сопруга Меланија Трамп стапнаа на него.
– Сè што добив од Обединетите нации беше ескалатор кој на патот до искачувањето застана точно на средина. Доколку првата дама не беше во одлична форма, ќе паднеше. Ова се двете работи што ги добив од Обединетите нации, лош ескалатор и лош телесуфлер.
Откако се качи на бината Трамп обзнани и дека ќе биде принуден да чита од своите белешки, бидејќи телесуфлерот се расипал, уште еден пропуст во организацијата на настанот.
Трамп во говорот го искористи примерот на реновирањето како метафора за подлабок проблем во организацијата.
– За жал, многу нешта во Обединетите нации се случуваат на сличен начин, само на многу поголемо ниво – рече Трамп.
На ден пред говорот, Трамп во Белата куќа беше придружуван од Роберт Ф. Кенеди Џуниор, секретар за здравство, и Џеј Батачарија, директор на Националниот институт за здравство. Тема на настанот била поврзаноста меѓу употребата на лекот Тајленол (парацетамол) во бременост и развојот на аутизам кај децата, тврдење кое многу здравствени агенции го сметаат за недоволно поткрепено.
„Промовираме значајни научни сознанија во корист на децата на Америка“, соопшти Белата куќа на 22 септември.