СРЕДБА МЕЃУ ЕДС, РРС И РЕГУЛАТОРНАТА КОМИСИЈА ЗА ЕНЕРГЕТИКА Целта е заедничка, стабилен енергетски пазар во земјата
Средбата претставуваше можност за продлабочување на дијалогот меѓу институциите и енергетските компании со заедничка цел – стабилен, транспарентен и предвидлив енергетски пазар, соопшто компанијата ЕДС во врска со состанокот додавајќи дека ЕДС ќе продолжи да инвестира во понатамошно приближување на клиентите до современи енергетски решенија.
Главниот извршен директор на ЕДС, Александар Сарџовски заедно со заменик главниот извршен директор на PPC задолжен за продажба, Џорџ Каракусис денеска во просториите на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги остварија средба со претседателот на Комисијата, Марко Бислимовски.
Средбата претставуваше можност за продлабочување на дијалогот меѓу институциите и енергетските компании со заедничка цел – стабилен, транспарентен и предвидлив енергетски пазар.
ЕДС повеќе од 13 години е активен и доверлив снабдувач со електрична енергија, обезбедувајќи енергетски решенија за голем број компании од различни индустрии.
„Со својата работа, компанијата не само што обезбедува сигурно снабдување за клиентите, туку индиректно придонесува и за нивниот развој и раст, како и за стабилноста на поширокиот економски систем. Како дел од PPC Group, ЕДС ги комбинира своето локално искуство и експертиза со силната поддршка на една од најголемите енергетски компании во регионот“, соопштија од компанијата.
Генералниот директор на ЕДС изјави дека компанијата ќе продолжи да инвестира во понатамошно приближување на клиентите до современи енергетски решенија.
Од компанијата ЕДС порачуваат дека со оваа средба уште еднаш се потврди дека ЕДС останува еден од најзначајните играчи на домашниот енергетски пазар и, како што се вели во соопштението, сигурен партнер за компаниите и важен фактор за енергетската и економската стабилност на земјата.