ПРОБЛЕМ ЗА СПЕЈС ИКС, КИНЕЗИТЕ ПРВИ ЌЕ ОДНЕСАТ ЛУЃЕ НА МЕСЕЧИНАТА? Бродот на Маск не може да дополнува гориво за долги мисии

Американските астронаути последен пат ја допреле површината на Месечината во 1972 година. Од тогаш поминаа повеќе од 50 години. Мисијата „Артемис“ на Спејс Икс закажана за 2027 година можеби ќе почека додека компанијата најде начин како да го дополнува со гориво своето летало „Старшип“. Во меѓувреме, кинескиот „Ланјуе“ се спрема за слетување до 2030 година.

524

Тимот на вселенската компанија Спејс Икс во САД сè уште не нашол начин како би го дополнил „Старшип“ со гориво во ниска орбита, јави „Спејс њуз“. Американскиот месечев модул, кој треба да однесе луѓе на површината на Месечината до 2027 година, се соочува со задоцнета мисија, што би можело да ѝ ја отвори вратата на Кина за историско слетување.

Распоредот на ХЛС се соочува со значителни предизвици, а според нашата проценка, мисијата „Артемис 3“ би можела значително да се одложи – изјави Пол Хил, советник за безбедност во НАСА, по обиколката на базата „Старбејз“.






„ХЛС“ (Human Landing System), е специјално модифицирана верзија на „Старшип“, наменета за транспорт на астронаути од орбитата до површината на Месечината. Проблемот? Горивото. Техничкиот тим сè уште нема усовршено начин за пренос на криогено гориво на орбита, а тоа е клучниот чекор пред вселенскиот брод да може да се упати кон Месечината.

„Нема рок кога овие предизвици ќе бидат решени“, стои во заклучокот од најновиот извештај на НАСА, цитирано од „Спејс њуз“.

Американската мисија „Артемис 2“, која треба да носи четири астронаути на пат околу Месечината, останува закажана за 2026 година. Но, ако „Артемис 3“ касни, се зголемува шансата Кина да го зграпчи историскиот момент.

Нејзиниот проект „Ланјуе“, месечево летало развиено од Кинеската вселенска агенција, се спрема за слетување до 2030 година. Ваквиот пресврт сериозно ја менува геополитичката битка за новата вселенска доминација.

– Проектот нема да биде толку тежок како што некои инженери мислат – увери претседателката на „Спејс-Икс“, Гвин Шотвел, оставајќи простор за оптимизам.

Американските астронаути последен пат ја допреле површината на Месечината во 1972 година. Од тогаш поминаа повеќе од 50 години.

Поврзани содржини