„ФАЈЗЕР“ КУПУВА КОМПАНИЈА ЗА ЛЕКОВИ ЗА СЛАБЕЕЊЕ Инвестиција е вредна 7,3 милијарди долари

Со аквизицијата на „Метсера“, „Фајзер“ се обидува да ја врати својата пазарна позиција откако во април годинава објави дека го запира развојот на таблетата дануглипрон откако клиничкото испитување покажа можно оштетување на црниот дроб кај еден пациент чија здравствена состојба се подобри по  прекинувањето на третманот.

364

Американскиот фармацевтски гигант „Фајзер“ објави дека го купува производителот на лекови за слабеење „Метсера“, со што ја зајакнува својата позиција на еден од најбрзо растечките и најпрофитабилните пазари – третмани за дебелина.

Договорот е вреден 7,3 милијарди долари.






„Фајзер“ би платил 47,50 долари во готово за акциите на „Метсера“ според договорот, што е околу 43% повеќе од нивната цена на затворање на тргувањето минатата недела.

„Метсера“ исто така би имал право на дополнителни 22,50 долари по акција, во зависност од постигнувањето на одредени деловни цели.

Извршниот директор на „Фајзер“, Алберт Бурла, изјави дека аквизицијата на „Метсер“ отвора нова страница во развојот на компанијата.

– Со оваа аквизиција, „Фајзер“ се движи уште посилно во кардиометаболичкиот простор, искористувајќи ги своите глобални ресурси за да го забрза развојот на иновативни терапии против дебелина – рече тој.

Со аквизицијата на „Метсера“, „Фајзер“ се обидува да ја врати својата пазарна позиција откако во април годинава објави дека го запира развојот на таблетата дануглипрон откако клиничкото испитување покажа можно оштетување на црниот дроб кај еден пациент чија здравствена состојба се подобри по  прекинувањето на третманот.

Според проценките, глобалниот пазар на лекови за контрола на телесната тежина би можел да достигне вредност од 150 милијарди долари до почетокот на 2030-тите, благодарение на големата побарувачка и успехот на терапиите со GLP-1, кои моментално ги водат „Ново Нордиск“ и „Ели Лили“.

Сепак, растот во голема мера ќе биде определен од осигурителната покриеност, трошоците, снабдувањето и регулаторните прашања.

Поврзани содржини