АЛБАНСКАТА МИНИСТЕРКА ЗА ВНАТРЕШНИ ГО РАЗРЕШИ ЗАМЕНИКОТ ЗАШТО ПУШЕЛ ВО РЕСТОРАН Го исцинкал њујорчанец
Синоќа во објава на официјалната страница на Фејсбук таа напиша дека одлуката за разрешување на заменик-министерот од функцијата ја донела по добиена жалба од албански државјанин кој живее во Њујорк.
Албанската министерката за внатрешни работи, Албана Кочиу, го разреши својот заменик, Анди Махила, поради тоа што не почитувал забрана за пушење во ресторан.
Синоќа во објава на официјалната страница на Фејсбук таа напиша дека одлуката за разрешување на заменик-министерот од функцијата ја донела по добиена жалба од албански државјанин кој живее во Њујорк.
Во жалбата стои дека заменик-министерот Махила за време на посетата на САД пушел цигари во ресторан, што предизвикало вознемиреност кај присутните.
„Добив жалба од наш сонародник во Њујорк, кој, заедно со своето семејство бил во ресторан. Беше загрижен поради фактот што заменик-министерот за внатрешни работи Махила пушел цигари во истиот ресторан. Спроведов соодветна проверка и му го соопштив на заменик-министерот неговото разрешување од должност“, напиша Кочиу.
Министерката нагласува дека таквото однесување не може да се смета за невина грешка, туку за јасно кршење на законот.
„Секој може да направи грешка ненамерно и тоа може добро да се разбере, но пушењето цигари во ресторан не е ненамерна грешка, туку неоправдано кршење на законот. Уште повеќе за раководител на институција како што е Министерството за внатрешни работи“, додава таа.
Албана Кочиу е прва жена на чело на полицијата во историјата на Албанија. Во минатата влада беше министерка за здравство.