САД САКААТ ДА СЕ ОСЛОБОДАТ ОД РУСКИОТ И ОД КИНЕСКИОТ УРАНИУМ Тоа би можело да затвори 94 нуклеарни централи
САД немаат доволно производство на осиромашен ураниум па се работи на план за враќање на домашното производство на осиромашен ураниум.
Aдминистрација на претседателот на САД Доналд Трамп планира да го стопира купувањето збогатен ураниум за нуклеарни централи со цел да постигне „независност“ од Русија и Кина и да премине на сопствен ураниум.
Mинистерот за внатрешни работи Даглас Бергам и министерот за енергетика Крис Рајт развиваат план за враќање на домашното производство на збогатен ураниум.
– Неприфатливо е Америка да купува ураниум од Русија, затоа работиме многу напорно на развивање план што ќе им овозможи на САД да го продолжат домашното производство на збогатен ураниум што е можно поскоро – рече Бергам.
Прекинувањето на овие купувања веднаш би предизвикало проблеми во нуклеарните централи, на кои им е потребно гориво за 94 нуклеарни реактори,бидејќи САД немаат доволно производство на осиромашен ураниум.
Минатата година, Џил Хруби, директорка на Националната администрација за нуклеарна безбедност при Министерството за енергетика на САД, објави дека се губи моќта на Америка за збогатување ураниум за воени цели. За да се продолжи со ова, таа рече дека е неопходна итна модернизација на производството во Лос Аламос и Сан Ривера, како и изградба на нова фабрика за преработка на ураниум. Но, за тоа нема пари.