„ЛЕВИЦА СЕ ЗАПЛЕТКА ВО ЛАГИТЕ ЗА ПАРИТЕ КОИ ЗАВРШИЛЕ ВО ЏЕБОВИТЕ НА РАКОВОДСТВОТО“ Мојсоска сериозно го прекршила законот, обвини ВМРО-ДПМНЕ

Парите од сметката на партијата Левица по разни основи завршиле кај тесното раководство на Левица, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

552

Левица на прес-конференција практично призна дека податоците добиени од свиркачи за парите кои од сметката на партијата завршиле во џебови на тесното раководство се точни, реагираше ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Парите од сметката на партијата Левица по разни основи завршиле кај тесното раководство на Левица. Мојсоска која самата изнесе информација дека била сметководител на Левица требало да знае дека доколку ја говори вистината, актот е противзаконски. Правниците од Левица би требало да знаат дека во Законот за пратениците јасно е наведено: Член 4: Функцијата пратеник во Собранието се врши професионално. Член 5: Пратеникот нема право да врши други јавни функции или професии, кои согласно со закон се неспојливи со функцијата пратеник. Член 9: Функцијата пратеник е неспојлива со вршењето на дејности со профитна цел. Законот е јасен Јована Мојсоска како пратеник, не смеела да остварува профит и да врши сметководствени услуги за Левица. Доколку е вистина улогата на сметководител, Мојсоска сериозно го прекршила Законот. Левица бегајќи од вистината се заплетка во сопствените шеми за извлекување на партиски средства за лични потреби на раководството“, обвини ВМРО-ДПМНЕ.






Вистината излезе на виделина, Левица под закрила на идеологија, чесност и приказни за неподмитливост испумпува пари на личните трансакциски сметки, посочено е во реакцијата.

„Пропагандата на Левица за чесност и неподмитливост се претвори во параван зад кои се испумпуваат пари. Вистината е на виделина, Левица не е имуна на корупција и не се бори против неа, туку е дел од неа“, наведува ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини