🎥 МАСК ПОЛЕКА ЈА ОСВОЈУВА ОРБИТАТА SpaceX испрати уште 28 сателити во орбитата

SpaceX сега има повеќе од 8.400 сателити, а планот е 30.000 за да се создаде целосна мрежа што ќе обезбеди широкопојасен пристап до интернет за сите на Земјата.

127

Ракетата „Фалкон 9“ успешно лансираше серија од 28 мини-сателити во орбитата за да ја пополни орбиталната констелација на глобалната интернет мрежа „Старлинк“, објави компанијата за развој „Спејс Екс“.

Ракетата беше лансирана од Лансирачкиот комплекс 40 во воздухопловната база „Кејп Канаверал“ во Флорида.






Околу еден час подоцна, сателитите се одвоија од втората фаза на лансирното возило и влегоа во орбитата.

По успешната мисија извршено е  контролирано вертикално слетување на ракетата на  платформа за дронови во Атлантскиот Океан откако се одвои.

Од мај 2019 година, „Спејс Екс“ лансираше повеќе од 9.700 од овие сателити како дел од проектот „Старлинк“.

Некои од нив не успеаја или беа деорбитирани. Над 8.400 сателити се оперативни во орбитата.

„Спејс Екс“ планира да распореди орбитална констелација од 12.000 вселенски летала, а на крајот и 30.000, за да создаде целосна мрежа што ќе обезбеди широкопојасен пристап до интернет за сите на Земјата.

Вкупната инвестиција на проектот се проценува на 10 милијарди долари.

Поврзани содржини