📷УАПСЕН ВООРУЖЕН МАЖ ПРЕД КОМЕМОРАЦИЈАТА ЗА КИРК Не се познати неговите намери

Тајната служба на САД потврди дека истражува „лице кое е забележано дека покажува сомнително однесување“ во соработка со полицијата. Наводно имал нож, пиштол и истечени полициски акредитиви.

716

Во пресрет на комеморацијата за убиениот десничарски активист и влијателен човек Чарли Кирк, уапсен е вооружен маж (42).

Џошуа Ранклс беше уапсен на стадионот Стејт Фарм во Глендејл, Аризона, поради „сомнително однесување“ – претставувајќи се како полицаец и внесувајќи оружје во стадионот каде што се одржува комеморација, потврди Одделот за јавна безбедност на Аризона.






Тајната служба на САД потврди дека истражува „лице кое е забележано дека покажува сомнително однесување“ во соработка со полицијата. Наводно имал нож, пиштол и истечени полициски акредитиви.

Портпарол на Тајната служба изјави за ABC News дека на осомничениот му пристапиле агенти на Тајната служба и дека им кажал дека е вооружен полицаец.

Властите утврдиле дека тој не е полицаецот за кој тврдел дека е и бил приведен во затворот во округот Марикопа.

„Во тек е истрага за да се утврдат неговите намери и неговото пристигнување на стадионот. Во меѓувреме, тој е ослободен со кауција“, објави полицијата во Аризона.

Портпаролот на „Турнинг Поинт“, организацијата на Кирк, Ендру Колвет, исто така се огласи и рече дека уапсеното лице „вршело безбедносна проверка за добро познат гостин кој планира да дојде на комеморацијата“.

-Не веруваме дека се обидувал да направи нешто злонамерно, но прелиминарната проверка не била спроведена во координација со безбедносниот тим на „Турнинг Поинт“ или со американската тајна служба- рече тој.

Федерален извор откри за „Фокс њуз“ дека осомничениот е „поранешен заменик-шериф од Ајдахо“.

-Тие ја проверуваат неговата позадина и се обидуваат да утврдат што правел таму- рече тој.

Поврзани содржини