ТРОЈЦА МОТОРЏИИ ИЗЛЕТАЛЕ ОД ПАТИШТАТА ВО СКОПЈЕ, КУМАНОВО И ВО ОХРИД Тројца тешко повредени
Во една од несреќите и моторџијата и совозачот биле пијани, соопшти полицијата
Двајца мотоциклисти и еден сопатник се тешко повредени вчераа и денеска во 3 сообраќајни несреќи во кои мотоциклите излетале од патот. Во една од несреќите и моторџијата и совозачот биле пијани.
„На 21.9.2025 околу 1 часот во СВР Скопје е пријавено дека на патот Скопје-Куманово, кај место викано Ергелија, 33-годишниот В.Р. од с.Волково, скопско, управувајќи мопед „томос” изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил В.Р., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, соопшти полицијата.
Вчера околу 19.50 часот во СВР Куманово е пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, во атар на селото Скачковце, кумановско, 29-годишниот Б.К. од с.Кучкарево, кумановско, управувајќи мопед „априлиа“ со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. Во несреќата тој добил тешки телесни повреди.
„На 21.9.2025 во 2 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул. „7 Ноември” во Охрид, 20-годишниот Б.П. од с.Ботун, општина Дебрца, управувајќи мотоцикл „пијаџо“ со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола над мотоциклот и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил неговиот сопатник Д.К.(20) од Охрид, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ Охрид. По преземени мерки, утврдено е дека двајцата биле под дејство на алкохол. Кај Б.П. се утврдени 1,05 промили, а кај Д.К. 1,19 промили алкохол во крвта“, соопшти полицијата.