ПРИТВОР И ДОМАШЕН ПРТВОР ЗА ОСОМНИЧЕНИТЕ ЗА ПУСТОШЕЊЕ ШУМИ Со истрагата се опфатени 15 лица

Истрагата се води против 15 лица, меѓу кои и директорот на ЈП Национални шуми – ПО Малешево и началникот на ОВР Делчево, кои се сомничат дека реализирале нелегални активности што довеле до опустошување на шума во површина од 6.000 хектари, сопственост на ЈП Национални Шуми ПСШ Малешево.

131

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје денеска го прифати предлогот на јавниот обвинител и за 12 лица одреди мерка притвор во траење од 30 дена, а за три повозрасни лица од кои две жени определен е куќен притвор.

Тие се осомничени за сторени кривични дела „злосторничко здружување“ и „пустошење на шуми“, додека шестмина од нив и за „злоупотреба на службена положба и овластување“. Првоосомничениот се сомничи и за „давање поткуп“, а на еден осомничен и кривично дело „примање поткуп“.






Истрагата се води против 15 лица, меѓу кои и директорот на ЈП Национални шуми – ПО Малешево и началникот на ОВР Делчево, кои се сомничат дека реализирале нелегални активности што довеле до опустошување на шума во површина од 6.000 хектари, сопственост на ЈП Национални Шуми ПСШ Малешево.

Како резултат на нивните дејствија, била исечена дрвна маса во количина од 1.500.000 метри кубни, со вредност од 6.405.000.000 денари. Организаторите на групата извршиле нелегална сеча на дрвна маса, која потоа била транспортирана и продавана како легално исечена, со цел да се оствари противправна имотна корист.

ПАДНАА НАЧАЛНИК, ДИРЕКТОР, ПОЛИЦАЈЦИ Приведени се 15 лица осомничени за пустошење шуми

Поврзани содржини