СТИВЕН СИГАЛ НА ВОЕНАТА ПАРАДАТА ВО БЕЛГРАД Вучиќ го седна во првиот ред
Меѓу гостите се и претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Мохамед бин Зајед Ал Нахјан и шеикот од Бахреин, Насер бин Хамад Ал Калифа.
Холивудскиот актер Стивен Сигал е меѓу гостите на воената парада „Силата на единството 2025“ во Белград. Тој се поздрави со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Славниот актер седи во почесната ложа со бројни гости.
Сигал е во Белград за снимањето на акциониот трилер „Орден на змејот“, во режија на Вјекослав Катушин.
Тој беше примен од претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и му се заблагодари „за изразената љубов кон Србија и неговата подготвеност да ја искористи својата репутација и популарност со цел афирмација на нашата земја во светот“.
Меѓу гостите се и претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Мохамед бин Зајед Ал Нахјан и шеикот од Бахреин, Насер бин Хамад Ал Калифа.