НОВ УЖАС ВО ВЕЛЕС, ЖЕНА НАПАДНАТА НА РАБОТА И ДОМА Велешанец насилно ѝ влегол во домот и ја нападнал повеќе пати

Полицијата го уапси 59-годишниот велешанец кој по напад на работно место, двапати влегол во дом на жената со употреба на сила.

2,643

На улицата Благој Ѓорев во Велес, на 18 септември околу 23 часот, полициските службеници од СВР Велес го лишија од слобода 59-годишниот Ј.С. од Велес, поради сомнение за извршено семејно и насилничко дело.

Според пријавата поднесена од 51-годишната К.Х. од Велес, осомничениот прво физички ја нападнал на нејзиното работно место, а потоа во два наврати со сила влегол и во нејзиниот дом, каде што повторно ја нападнал.






– Лицето е лишено од слобода и задржано во полициска станица. За случајот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање ќе биде поднесена соодветна кривична пријава – информираа од МВР.

Полицијата најавува дека ваквиот вид на насилство ќе биде строго санкциониран, со цел да се заштитат жртвите и да се превенираат идни инциденти.

Поврзани содржини