СОЈУЗОТ НА СТОПАНСКИ КОМОРИ СЕКОГАШ ЌЕ БИДЕ ПОДДРШКА ЗА БИЗНИСОТ Новиот претседател Ѓорѓиевски најави формирање комора за енергетика

Во однос на претходното раководство, Ѓорѓиевски информира дека ќе се прави ревизија.

77

Сојузот на стопански комори (ССК) ќе нуди конкретни решенија и предлози до Владата, максимално ќе се залага за интересите на компаниите и нивниот раст и секогаш ќе стои зад интересот на бизнисот, рече денеска новиот претседател на Горан Ѓорѓиевски.

Како што истакна Ѓорѓиевски на прес-конференција, за раст на БДП е неопходно покачување на продуктивноста, спроведување на процесот на дигитализација, поддршка на претприемништвото и иновациите, но и лесен пристап до финансии преку евтини кредити и сериозни грант шеми.






– ССК ќе формира комора за енергетика и рударство, но и посебна канцеларија за реализирање што поголем број проекти – напомена Ѓорѓиевски.

Многу е важна, рече тој, и едукацијата на кадрите.

Тој смета дека е значајно прелевањето на вработените од јавниот во приватниот сектор или во спротивно да се олесни увозот на работна сила.

Во однос на претходното раководство, информира дека ќе се прави ревизија.

Поврзани содржини