ПРОСЕЧНИТЕ КОНЦЕНТРАЦИИ НА ЧЕСТИЧКИTE PM10 СЕ ВО ДОЗВОЛЕНИТЕ ГРАНИЦИ Податоците се за 17 и 18 септември
Просечните концентрации на PM₁₀ честички се во рамките на дозволените граници и не е евидентирано надминување на граничните вредности, кои се измерени во последните 24 часа во Трубарево, Скопско.
Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека во периодот од 17.09.2025 (09:30 часот) до 18.09.2025 (09:30 часот) се спроведени индикативни мерења на суспендирани цврсти честички со големина до 10 микрометри (PM₁₀), на мерното место во зоната на Трубарево.
Мерењата се извршени со автоматскиот систем AMBICON RTM–PM, нефлометар кој овозможува реално време следење на концентрациите на честички во воздухот, со селекција на фракцијата PM₁₀.
За мониторинг бил користен инструмент ES-642, METONE, USA, сертифициран за индикативни мерења согласно MCERTS, UK.
Резултати од мерењата:
– Просечна концентрација: 10,9 µg/m³
– Максимална измерена вредност: 25,6 µg/m³
– Моментална вредност: 16,5 µg/m³
Концентрациите се движат во рамките на 24-часовната гранична вредност за заштита на здравјето на луѓето, согласно Уредбата за гранични вредности за загадувачки супстанции во амбиентниот воздух („Службен весник на РМ”, бр. 183/17).
Министерството соопшти дека ќе продолжи со редовно информирање на јавноста и следење на состојбата со квалитетот на воздухот.