📽️ МИЦКОСКИ СПОДЕЛИ СНИМКА ОД ИЗГРАДБАТА НА КОРИДОРИТЕ 8 И 10 Се работи и на Штип-Отиња и на автопатот кај Букојчани

Претходно во петокот, 12 септември, вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски во Прилеп изјави дека првите 11 километри од автопатот Прилеп–Битола ќе бидат пуштени во употреба до крајот на 2026 година, додека целата траса во должина од 40 километри се очекува да биде готова до крајот на 2027 или почетокот на 2028 година.

488

Продолжуваме да ја градиме Македонија, напиша премиерот Христијан Мицкоски споделувајќи нова снимка од изградбата на коридорот 10 меѓу Прилеп и Битола, патот Штип-Отиња, автопат Тетово – Гостивар – Букојчани, обиколницата кај Штип.






Претходно во петокот, 12 септември, вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски во Прилеп изјави дека првите 11 километри од автопатот Прилеп–Битола ќе бидат пуштени во употреба до крајот на 2026 година, додека целата траса во должина од 40 километри се очекува да биде готова до крајот на 2027 или почетокот на 2028 година.

Владата во последните месеци пушти две значајни делници од автопатот Кичево-Охрид, Врбјани-Ботун од околу 20 километри и делницата од Климештани до Охрид во опсег од 17 километри.

Во првите 15 месеци мандат беа ставени во употреба и делницата Градско-Фариш од 25,7 километри и делницата Страцин-Крива Палнка до 25,5 километри.

Поврзани содржини