🎥 НЕПРИЈАТЕН МОМЕНТ ВО ВИНДЗОР Меланија ја откачи кралицата Камила штом ја здогледа Кејт
Во приватната оградена градина на имотот Виндзор, Камила (78) и Меланија (55) стоеле на скалите и разговарале, додека кралот Чарлс и претседателот Трамп биле во близина.
Кралицата Камила денеска накратко се најде во незгодна ситуација додека во замокот Виндзор ги пречекуваше Доналд и Меланија Трамп за време на нивната втора официјална државна посета на Обединетото Кралство.
Во приватната оградена градина на имотот Виндзор, Камила (78) и Меланија (55) стоеле на скалите и разговарале, додека кралот Чарлс и претседателот Трамп биле во близина.
Меѓутоа, кога Меланија ја забележала принцезата од Велс како се приближува, веднаш се свртела кон Кејт за да ја поздрави, нагло прекинувајќи го разговорот со кралицата. Потоа следел разговор помеѓу Меланија и Кејт, додека кралицата Камила останала само да набљудува.
Претходно оваа недела, портпаролот на Трамп изјави дека двојката е „воодушевена што Кејт ќе биде во прв план за време на посетата на Велика Британија“, додавајќи: „Вклучувањето на принцезата Кејт во толку настани за време на државната посета е чест“.
Принцот Вилијам и Кејт претходно го придружувале претседателот и првата дама до Викторија хаус, каде што кралот и кралицата ги чекале своите гости.
Видеото погледнете го ТУКА.