📽️ „СЕСТРАТА“ НА БРОДОТ ТИТАНИК НАЈДЕНА НА ДНОТО НА БЕЛОТО МОРЕ Вредните предмети ќе бидат изложени во подводниот музеј во Атина

Меѓу извлечените артефакти се ѕвоното од палубата за набљудување, навигациска светилка, двоглед за патници, керамички плочки од турска бања, посребрени послужавници од прва класа и порцелански мијалник од втора класа. Другите артефакти биле премногу оштетени.

1,641

Грчките нуркачи првпат извлекле артефакти од потонатиот „Британик“, сестринскиот брод на „Титаник“, јави Еј Пи Њуз.

По повеќе од еден век на дното на Егејот, морето конечно ослободи дел од тајните на „ХМХС Британик“. Се работи за болнички брод кој потонал во Првата светска војна во близина на островот Кеа откако наишол на германска мина.






„Условите беа исклучително опасни, со силни струи и слаба видливост. Акцијата беше спроведена во мај, но резултатите ги објавивме сега поради сложеноста на конзервацијата“, објасни грчкото министерство за култура.

Тим од 11 професионални нуркачи користел специјализирана опрема за дишење со затворен круг за да продре до 120 метри длабочина. Проектот бил организиран од британскиот историчар Сајмон Милс, основач на Фондацијата „Британик“.

Меѓу извлечените артефакти се ѕвоното од палубата за набљудување, навигациска светилка, двоглед за патници, керамички плочки од турска бања, посребрени послужавници од прва класа и порцелански мијалник од втора класа.

Не сите планирани објекти биле извлечени.

„Некои беа премногу оштетени или недостапни“, наведоа грчките власти.

 

По конзервацијата, предметите ќе бидат изложени во новиот Национален музеј на подводни антиквитети во Пиреја, во секцијата посветена на Првата светска војна.

„Британик“ бил третиот пароброд од класата „Олимпик“ на компанијата „Вајт Стар Лајн“, заедно со „Титаник“ и „Олимпик“. За време на војната бил адаптиран како болнички брод. Потонал на 16 ноември 1916 година, откако налетал на германска мина.

Од 1.065 лица на бродот, 30 загинале. Два спасувачки чамци биле вовлечени од пропелерите на бродот кои продолжиле да вртат по експлозијата.

Поврзани содржини