🎥 МЕЧКА ШЕТА ПО УЛИЦИТЕ НА ЛОВЕЧ ВО БУГАРИЈА Жителите во паника, полицијата на готовс
На жителите им е препорачано да бидат исклучително внимателни и да не ѝ се приближуваат. Доколку ја забележат, треба веднаш да се јават на бројот за итни случаи 112.
Синоќа жителите на Ловеч забележале и снимиле мечка како шета низ населено место.
Сведоци раскажуваат дека животното било видено најпрво на градската обиколница, а потоа и по улицата Стара Планина во градот Ловеч, пренесуваат бугарските медиуми.
Со помош на полицијата, мечката била истерана надвор од градот.
На жителите им е препорачано да бидат исклучително внимателни и да не ѝ се приближуваат. Доколку ја забележат, треба веднаш да се јават на бројот за итни случаи 112.
Сите надлежни служби во Бугарија се веќе информирани за присуството на мечката и ќе одржат состанок за да проценат колку е опасна, каде се движи и какви мерки ќе се преземат за заштита на граѓаните.