ПОЖАРОТ ВО ТРУБАРЕВО Е ЦЕЛОСНО ИЗГАСНАТ Депонијата Дрисла сè уште чади

Упатувам голема благодарност до храбрите скопски пожарникари и до сите што учествуваат во борбата за совладување на овие два многу тешки пожари за гаснење, вели директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.

403

Пожарот во Трубарево, на депонијата за електронски отпад, што избувна во саботата е целосно изгаснат, информираше директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

Локацијата што гореше е целосно затрупана со песок и со земја.






– Се појави чадење, но веднаш е дејствувано со специјална пена и со дозатрупување. На локацијата се останати дежурни пожарникари, кои ќе дејствуваат со пена доколку има потреба – рече Ангелов.

Состобата во депонијата Дрисла е драстично подобрена, додаде тој.

– Останува да биде дозатрупан делот што чадеше овие денови, тоа ќе биде завршено до попладне Со тоа двата пожари се затворени. Упатувам голема благодарност до храбрите скопски пожарникари и до сите што учествуваат во борбата за совладување на овие два многу тешки пожари за гаснење – рече директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.

Поврзани содржини