ВОЛК НАПАДНАЛ 5-ГОДИШНО ДЕТЕ ОД СРБИЈА НА ПЛАЖА ВО ГРЦИЈА Херојската реакција на мајката спречила трагедија
Според раскажувањето на мајката, Ирена Пеиќ, инцидентот се случил во петокот рано наутро, на тивка плажа што припаѓа на приватни домови и обично нема многу луѓе.
Волк се приближил до петгодишно девојче од Србија на плажа во близина на Неос Мармарас, во Грција, и се обидел да го нападне, но трагедијата била избегната благодарение на брзата реакција на мајката и на еден случаен минувач.
Според раскажувањето на мајката, Ирена Пеиќ, инцидентот се случил во петокот рано наутро, на тивка плажа што припаѓа на приватни домови и обично нема многу луѓе.
„Ќерката си играше со едно бебе кога еден човек извика: ‘Што е тоа?’ Кога станав, волкот веќе стоеше до нас и ни го попречи патот“, вели таа.
Во следниот момент, животното се нашло веднаш до девојчето.
„Ја отвори вилицата и тргна да ја зграпчи ќерка ми околу половината. Ја грабнав и почнав да трчам. Еден човек почна да фрла со камења, волкот падна во водата и ние успеавме да побегнеме по скалите до апартманот“, раскажува Ирена.
Волкот, според неа, потоа излегол од водата и скокнал во дворот на апартманот, каде неколкумина го бркале со камења и стапови додека не го истерале.
Девојчето поминало со мала гребнатинка на грбот. Било прегледано во болница, примило вакцини и антибиотици.
„Да не беше тој човек што го гаѓаше волкот, не знам како ќе завршеше. Благодарение на него успеавме да се спасиме“, вели мајката, која додава дека останала смирена токму поради неговата навремена реакција.
View this post on Instagram