„АПАСИЕВ ОЧИГЛЕДНО ИМА ДВЕ ЛИЦА“ Со едното игра чесен политичар, а со другото зема народни пари, обвини ВМРО-ДПМНЕ

Дека се грижи само за себе и за својот џеб, говори фактот што тој ја олеснил касата на партијата Левица, поточно земал пари кои партијата ги добива од Буџетот, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

2,070

За Димитар Апасиев од Левица може да се каже само дека е лицемер, човек кој демек продава вредности, а единствено го интересира неговиот џеб, обвини ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Апасиев е сè, самo не она што се претставува во јавност. Дека се грижи само за себе и за својот џеб, говори фактот што тој ја олеснил касата на партијата Левица, поточно земал пари кои партијата ги добива од Буџетот. Станува збор за околу 700.000 денари пари на Левица добиени од Буџетот, поточно народно пари. Колку за илустрација, во март 2023 година од партиската каса земал 52.000 денари, април 2022 година, како и јули и септември истата година земал околу 80.000 денари. И така земајќи пари во неколку наврати, сумата која ја земал достигнала околу 700.000 денари. И да, тоа се пари од Буџетот, тоа се при народни пари. Овие пари ги земал Апасиев, истиот оној кој се претставува како чесен, како човек кој не зема патни трошоци, како човек што не зема ништо од граѓаните, како човек кој се бори против корупција, за правда и слично. Апасиев очигледно е човек со две лица, едно за во јавност кога тој глуми дека е чесен, праведен и едно кое зема и става во џеб народни пари за лични потреби“, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини