📷 📽️ СКОПЈЕ СЕ ГУШИ, НОВИ ДЕТАЛИ ЗА „ДРИСЛА“ Ангелов призна дека чадењето сè уште не е стопирано

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов уверува дека огнот на „Дрисла“ не се гледа, но чадењето и понатаму го загадува Скопје.

2,439

Депонијата „Дрисла“ се запали пред неколку денови, а скопјани се жалеа на загадениот воздух кој се чувствуваше во утринските часови и во текот на ноќта речиси во целиот град. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, утрово изјави дека со засилено темпо продолжува затрупувањето на делот од депонијата од кој излегува чадењето.

„Делот што чадеше е со големина приближно колку едно фудбалско игралиште. Отворен оган не може да се забележи, чадењето е делумно намалено, но сè уште е присутно,“ изјави Ангелов.






Фото: ДЗС

Тој нагласи дека ситуацијата се подобрува благодарение на новоизградениот пристап. „Двата земјени патишта, кои вчера беа изработени како насип низ заезерената површина од отпадни води длабока околу 1,5 метри, значително го олеснуваат пристапот до критичното место,“ додаде директорот.

Ангелов истакна дека во овој момент на терен работи оптимален број на камиони, багери и булдожери. „Како што ќе се создаваат услови, нивниот број дополнително ќе се зголемува,“ рече тој.

Фото: ДЗС

Во однос на дивата депонија Вардариште, Ангелов информираше дека таму нема горење ниту чадење, но продолжува затрупувањето на критичниот канал во кој претходно се разви пожарот.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Plusinfo.mk (@plusinfo.mk)

Поврзани содржини