ПОВЕЌЕ ОД ПОЛОВИНА ОД ДЕЦАТА ВО ГРАДИНКА НЕ ЈАДАТ КОРКА ОД ЛЕБ Како меката храна влијае на имунитетот, забите, вилиците, па дури и на ‘рбетот кај децата
Експертите предупредуваат дека начинот на кој децата се хранат во првите години од животот може да ги одреди не само нивните навики во исхраната, туку и здравјето на нивните коски, заби, па дури и положбата на ‘рбетот во подоцнежниот живот.
Правилната исхрана во раното детство е многу повеќе од само задоволување на гладот - таа е еден од темелите на здрав развој на целиот организам. Експертите предупредуваат дека начинот на кој децата се хранат во првите години од животот може да ги одреди не само нивните навики во исхраната, туку и здравјето на нивните коски, заби, па дури и положбата на ‘рбетот во подоцнежниот живот.
Д-р Ранко Рајовиќ, специјалист по интерна медицина, магистер по неврофизиологија и доктор по спортски науки, со години истакнува дека ситниците во секојдневниот живот, на кои родителите честопати не обрнуваат доволно внимание, можат да имаат далекусежни последици за развојот на децата. Покрај препораките за редовна физичка активност и ограничување на времето пред екраните, тој особено ја нагласува важноста на правилната исхрана прилагодена на возраста.
Една навика што често се занемарува е воведувањето на цврста храна. Оваа промена, нагласува Рајовиќ, е клучен момент за здрав раст и развој на детето. Затоа тој го поставува прашањето – дали родителите навистина знаат колку е важно детето да почне да јаде храна што треба да се џвака навреме, а не само мека и пасирана?
Повеќе за ова прочитајте на „Мајка и дете“.