НЕ ПОМИНУВААТ 2 ПАТИ ИСТИ ЛАГИ КАЈ ГРАЃАНИТЕ Можеа и ветија, ама не го решија проблемот со Вардариште, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Зошто СДСМ и Шукова 4 години го влечеа истиот проблем без никаква реализација? Зошто ги лажеа граѓаните на Скопје дека ќе го решат проблемот со Вардариште? Како Шукова и СДСМ имаат доблест повторно истото да го ветуваат пред граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ на обвинувањата од СДСМ.

128

ВМРО-ДПМНЕ го обвини СДСМ дека не ги исполнил предизборните ветувања за поранешната депонија Вардариште, откако претходно СДСМ го обвини ВМРО-ДПМНЕ за истото.

„Во 2020 година СДСМ, Шукова и Заев во предизборната кампања ветуваа решавање на проблемот со депонијата Вардариште. Тоа ветување беше официјално запишано и во нивната програма насловена „Можеме“’ за парламентарните избори во 2020 година на страна 228, каде што стои: „Ќе помогнеме за итна ремидијација на поголем дел од дивите депонии, со приоритет на депонијата во Вардариште, како и расчистување и рекултивација на локации со несоодветно отстранет отпад во урбаните и руралните подрачја“. Ова е уште едно лажно предизборно ветување на СДСМ и Шукова“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.






Истата таа програма на СДСМ го наведува и износот од 42 милиони евра како финансиско портфолио за реализација на проектот, се додава во соопштението.

„Каде завршија тие 42 милиони евра? Зошто СДСМ и Шукова 4 години го влечеа истиот проблем без никаква реализација? Зошто ги лажеа граѓаните на Скопје дека ќе го решат проблемот со Вардариште? Како Шукова и СДСМ имаат доблест повторно истото да го ветуваат пред граѓаните, овој пат Шукова од позиција како кандидат за градоначалник на Скопје? Ова е класичен пример на манипулација и лажење на јавноста. Ова е доказ дека СДСМ многу ветува а ништо не исполнува“, се вели во соопштението.

СДСМ да не го потценува народот, треба да знае дека 2 пати истите лаги не поминуваат, а граѓаните знаат кој работи за нивно добро, се додава.

„ВМРО-ДПМНЕ има програма и план за решавање на проблемите на граѓаните, почиста животна средина, почист воздух и поквалитетен живот за сите граѓани“, соопшти партијата.

Претходно, СДСМ го обвини ВМРО-ДПМНЕ дека  власта со денови не може да се справи со поарот на Дрисла, додека скопјани се трујат.

„Ова е крајно неодговорно кон граѓаните, кон најважното – здравјето и претставува сериозна закана за уште поголема катастрофа, поради тоа што постои опасност пожарот да дојде до метанот кој се наоѓа под слоевите земја и да настане и експлозија. Виновници за труењето на скопјани се Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ кои 4 години не мрднаа со прст, не ги исполнија ветувањата и не го решија проблемот. ВМРО-ДПМНЕ и нивните градоначалници пред 4 години ветуваа „затворање на Вардариште, намалување на стакленички гасови, покривање и озеленување“. Тимчо Муцунски ветуваше „дислокација на претоварната депонија Вардариште“. Мицкоски и Арсовска ветуваа „зелена зона Вардариште“ со спортско-рекреативни терени на канцерогеното земјиште. ВМРО-ДПМНЕ ветуваше „фабрика за селекција на отпад“ во Дрисла. Ништо од ова не е реализирано, обвини СДСМ.

Поврзани содржини