ЖЕНА ПРЕГАЗЕНА ПРЕД КАТНА ГАРАЖА „Опел“ управуван од 24-годишна девојка удри во 71-годишна прилепчанка
Сообраќајната несреќа се случила при влез во катна гаража на улица Сотка Ѓорѓиоски, а повредената е хоспитализирана во прилепската болница.
71-годишна прилепчанка е тешко повредена откако во неа удрил автомобил „опел“ при влез во катна гаража на улицата Сотка Ѓорѓиоски во Прилеп.
Од МВР информираа дека несреќата се случила на 09.09.2025 во 10:40 часот, кога патничко возило со прилепски регистарски ознаки, управувано од 24-годишната Ј.Д. од село Дрен, прилепско, удрило во пешакот Н.Г. (71) од Прилеп.
– Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Н.Г., кои биле констатирани во Градската општа болница Прилеп – велат од полицијата.
Случајот е целосно документиран и ќе следува соодветна постапка.