„ОБИЧЕН ОНКОЛОГ ОД СЛОВЕНИЈА, А НЕ ВЕШТАК ГИ ИЗГОТВИЛ МЕДИЦИНСКИТЕ ДОКАЗИ“ Бранителот Ставрев ги побива доказите на ЈО против Васев

Немаат докази. Она што го прилагаат како медицински доказ е вештачење од Словенија направено од вешто лице, кое во суштина, не е вешто лице, туку обичен доктор онколог. Во врска со стручноста, не е квалификувано да дава наводи во судска постапка, рече твениот начин на Јавното обвинителство да прикаже што било во оваа постапка, изјави адвокатот Никола Ставрев, кој е бранител на првообвинетиот во случајот Онкологија, Нино Васев.

2,001

Денеска бевме на судење за медицинскиот предмет Онкологија, во кој се сослушуваа законските застапници на оштетените. Сметам дека повикувањето на вакви сведоци во постапката е нецелисходно, меѓутоа, тоа е единствениот начин на Јавното обвинителство да прикаже што било во оваа постапка, изјави адвокатот Никола Ставрев, кој е бранител на првообвинетиот во случајот Онкологија, Нино Васев, по судското рочиште.

На денешното рочиште во Кривичниот суд беа сослушувани сведоци на Обвинителството.






Ставрев вели дека медицинските докази кои Обвинителството ги приложува во постапката се вештачења направени во Словенија од вешто лице кое во суштина не било вешто лице туку „обичен доктор онколог“.

– Мислам дека сте запознати дека докази немаат. Она што го прилагаат како медицински доказ е всушност вештачење од Словенија кое е направено од вешто лице, кое во суштина, не е вешто лице, туку обичен доктор онколог. Во врска со стручноста, не е квалификуван да дава наводи во судска постапка – рече Ставрев.

На новинарско прашање поврзано со денешните сведочења дека од терапијата што Васев им ја давал на пациентите им се влошувала здравствената состојба, Ставрев кусо одговори:

– Сметам дека тоа не е точно и дека на тоа се наведени од Јавното обвинителство – рече тој.

ЌЕРКА МИ АДРИЈАНА НЕ УМРЕ ОД РАК НА ДОЈКА, ТУКУ ОД ИМУНОТЕРАПИИТЕ Докторот Васев тврдеше дека таа терапија не ѝ пречи, сведочеше мајка на судењето за Онкологија

Поврзани содржини