КАКОВ ЅИД ОД ДРОНОВИ ПЛАНИРА ДА ИЗГРАДИ ЕВРОПА? Инцидентот во Полска ги врати идеите за софистицирана одбрана

„Ѕидот од дронови“ е замислен како комплексен систем од анти-дрон технологии, радари, сензори, оптички и термални камери и вештачка интелигенција, но и системи за благо оневозможување (soft‑kill) и за физичко конфронтирање (hard‑kill) на дроновите.

846

Европскиот комесар за одбрана Андриус Кубилиус денеска повика на итна изградба на „ѕид против дронови“ долж источното крило на Европската унија, откако руски дронови утрото на 10 септември влегоа во полскиот воздушен простор.

На каков ѕид мислеше Кубилиус? Слична изјава даде и првата жена на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен велејќи дека Европа ќе ја лансира програмата „Стража на источното крило“ за реално-временски надзор на земјите што граничат со Русија. И ќе изгради ѕид од дронови“.






Идеите не се идентични, но се комплементарни: „Стража на источното крило“ е стратешки систем за надзор во реално време, додека „ѕидот од дронови“ е оперативна реакциона мрежа за пресретнување и неутрализирање на закани од дронови.

Дрон, анти-дрон, камери, вештачка интелигенција

Изјавите доаѓаат во време кога Европа е загрижена за инцидентот со руски дронови соборени во Полска.

„Ѕидот од дронови“ е комплексен систем од анти-дрон технологии, радари, сензори, оптички и термални камери и вештачка интелигенција, но и системи за благо оневозможување (soft‑kill) и за физичко конфронтирање (hard‑kill) на дроновите.

Точен број на единици кој би бил потребен не е наведен.

Уште во јули 2025, откако беспилотно летало преку Белорусија навлезе во Литванија, Кубилиус предупреди дека границите на ЕУ се ранливи без технолошка заштита.

„Без технолошка обвивка границата е како решето“, напиша тој тогаш.

Колку дронови и колку вештачка интелигенција се потребни?

Според извештај од „Бизнис Инсајдер“, комесарот Кубилиус апелира ЕУ да произведува милиони дронови годишно до 2030 година, инспириран од Украинците кои во 2024 испорачаа над 1,3 милиони дронски мисии.

Тоа значи дека целта е масовна автономна воздушна одбрана на Европа.

Кои земји би биле опфатени?

Тоа се земјите од балтичкиот регион и соседите на источната граница: Литванија, Латвија, Естонија, Полска, Финска и Норвешка, поддржани од Германија. Идејата е мрежата да се протега од Северното до Централно‑источното крило на ЕУ и НАТО.

Проектот наречен „балтички ѕид“ (Baltic Drone Wall) вклучува три балтички држави (Естонија, Латвија, Литванија) и можност постепено да се проширува кон Полска и Финска.

Кога би бил готов ѕидот?

Според предлогот на германската фирма „Helsing“ објавен во април 2025, теоретски „ѕидот од дронови“ би можел да се изгради во рок од една година — до 2026, доколку постои волја и координирано дејствување.

Поврзани содржини