🎥 НАЈГОЛЕМАТА СВАДБА НА СИЦИЛИЈА ПО ОНАА НА МАЈКЛ КОРЛЕОНЕ ВО „КУМ“ Дуа Липа и Калум Тарнер и нивната тридневна италијанска свадба

Дуа Липа и Калум Тарнер организираа раскошна италијанска свадба која ги собра познатите личности од А-листата во Палермо. Доволно е и тоа што додека тие разменуваа завети, им пееше Елтон Џон

1

Дуа Липа и Калум Тарнер се вратија пред олтарот за втора, многу поекстравагантна свадбена прослава во Палермо, Сицилија.

По приватниот граѓански брак што го склопија во Лондон минатата недела, двојката организираше раскошен повеќедневен настан во Палермо, пишува Vanity Fair. Прославата наводно чинела 1,73 милиони долари и се одвивала низ историски вили, палати и луксузни хотели со внимателно избрана листа на ВИП гости.






Според медиумот, главната церемонија се одржала во Вила Валгуарнера, имот од 18 век познат како „мал Версај“.

Гостите се собрале во видиковецот на вилата каде што двојката разменила завети додека Елтон Џон ја извел „Your Song“ со придружба на пијано.

Според Vanity Fair, некој ја опишал свадбата како „најважната свадба на Сицилија од онаа на Мајкл Корлеоне“, во филмот „Кум“. Како што се очекуваше, безбедноста беше исклучително строга, вклучувајќи системи против дронови, договори за доверливост и целосна забрана за фотографирање во текот на целиот настан. Присуствуваа околу 300 гости, меѓу кои Донатела Версаче, Чарли XCX, Адел, Шакира, Џо Алвин, Марк Ронсон, Оливија Дин и многу други.

Големи делови од градот беа строго обезбедени за прославата, со затворени улици, силни безбедносни патроли и црни прекривки што затскриваа одредени области. Ограничувањата, наводно, предизвикале локални контроверзии, со постери на кои пишуваше „Градот не е за изнајмување“ и „Нашиот плоштад не е вашата дневна соба“.

Гостите престојуваа на луксузни локации, вклучувајќи го Гранд Хотел Вила Игеа и на јахтите закотвени во пристаништето во Палермо.

 

Поврзани содржини