ТРАМП ГО ОТКАЖА СИЛНИОТ УДАР ВРЗ ИРАН ШТО ГО НАЈАВИ ЗА ВЕЧЕРВА Имало напредок во преговорите

Американскиот претседател тврди дека разговорите и последните точки од договорот, „во концепт и во многу детали“, биле одобрени од сите вклучени страни.

0

Претседателот на САД Доналд Трамп рече дека ги откажал новите воени напади врз Иран, неколку часа откако се закани дека вечерва ќе ја ескалира тримесечната војна. Претседателот во објава на социјалните мрежи изјави дека го направил потегот „врз основа на фактот дека дискусиите со Исламската Република Иран се доведени до највисокото ниво на иранското раководство и одобрени“.

„Врз основа на фактот дека разговорите со Исламската Република Иран се доведени до највисоко ниво на иранското раководство и се одобрени, јас, како претседател на Соединетите Американски Држави, ги откажав планираните напади и бомбардирања на Иран вечерва“, напиша Трамп.






Трамп, исто така, посочи дека е постигнат напредок во разговорите за продолжување на кревкиот прекин на огнот. Тој додаде дека разговорите и последните точки од договорот, „во концепт и во многу детали“, биле одобрени од сите вклучени страни. Меѓу нив ги спомена САД, Израел, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Катар, Турција, Пакистан, Бахреин, Кувајт, Јордан, Египет и други.

Трамп додаде дека блокадата во Ормускиот Теснец ќе остане.

„Поморската блокада ќе остане во полна сила и ефект сè додека не се финализира оваа трансакција. Времето и местото на потпишување ќе бидат објавени наскоро“, напиша Трамп.

Трамп во повеќе наврати во последните неколку недели тврдеше дека завојуваните страни се на прагот на договор, но ништо не се реализира.

Неколку часа пред да го откаже најавениот напад, Трамп денеска изјави дека САД ќе го погодат Иран „многу силно вечерва“ и дека во одреден момент сакаат да го заземат иранскиот центар за нафтена инфраструктура, островот Харг, откако нападите од двете страни во Заливот го поткопаа нестабилниот прекин на огнот.

ВЕЧЕРВА ЌЕ УДРИМЕ СИЛНО, ЌЕ ИМ ГО ЗАЗЕМЕМЕ ОСТРОВОТ ХАРГ! Трамп најавува атак од досега невидени размери

 

Поврзани содржини