ЗАЕВ И ШЕЌЕРИНСКА СМИСЛИЛЕ МАСТЕР ПЛАН КАКО ДА ЈА ЗАБРАНАТ ВМРО-ДПМНЕ Нема по трет пат да нѐ симнат од власт преку тајните служби, порача Николоски
Два пати ВМРО-ДПМНЕ паѓала од власт од службите и 2002 како последица на Големото уво и 2016-2017 преку прислушкуваните разговори. Ако истите тие луѓе мислат дека сме наивни и ќе ја оставиме работата по трет пат да нѐ симнат од власт на недемократски начин, тогаш сериозно нѐ потцениле. Еднаш за секогаш ќе расчистиме за да не ни се случи пак - рече Николоски.
Мастер план во 3 чекори е креиран од поранешното раководство на СДСМ преку злоупотреба на безбедносните служби со цел да се забрани политичко дејствување на ВМРО-ДПМНЕ, обвини потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во синоќешното гостување на ТВ Алфа.
Ниолоски рече дека објавил детали од планот во 2019 година во еден ТВ дуел со Радмила Шеќеринска, каде што јавно кажал дека партијата има сериозни индиции за злоупотреба на безбедносните служби.
– Целта на тој мастер план беше да се забрани политичко дејствување на ВМРО-ДПМНЕ. Имаше 3 чекори. Првиот беше да се притворат што повеќе пратеници на ВМРО-ДПМНЕ со цел да се случи промена на името, и тоа се случи. Вториот беше партијата да се стави на обвинителна клупа за терористичко дејствување и нелегално финансирање и делумно успеаја во тој дел за нелегално финанисрање. Ја ставија на обвинителна клупа и сѐ уште партијата е на обвинителна клупа, сѐ уште имаме замрзнат имот. Третиот дел беше доколку успеат да ја осудат ВМРО-ДПМНЕ согласно закон, да се забрани политичко дејствување и воопшто да не може да учествуваме на избори. Овој мастер план одеше дотаму да му се забрани и на раководството на ВМРО-ДПМНЕ да се бави со политичко дејствување. И ова беше смислено од тогашното раководство на СДС на чело со Зоран Заев и Радмила Шеќеринска, а не може да се амнестира ниту Димитар Ковачевски – рече Николоски.
Николоски додаде дека Агенцијата за безбедност до толку била злоупотребувана што секојдневно правеле лажни извештаи за раководството на ВМРО-ДПМНЕ дека биле антизападни и антиНАТО.
– Од тој план беше злоупотребена Агенцијата, во контекст ние да бидеме оцрнети пред стратешките партнери, пред сѐ, после членството во НАТО. Целта беше никој од нас да не може да добие безбедносен сертификат. Не им успеа во тоа, но се штанцале на дневна основа извештаи дека сме биле под вакво влијание или под такво влијание – рече Николоски.
Тој обелодени и дека за него се велело дека бил под иранско-турско-унгарско влијание.
– На врвот на тие лажни извештаи, според мои сознанија, биле на удар и претседателот Христијан Мицкоски, Драган Ковачки, Антонијо Милошоски, Владо Мисајлоски. За мене составувале белешки дека сум била антизападен и антиНАТО во услови кога бев потпретседател на Парламентарното Собрание на Советот на Европа, во услови кога бев шеф на мониторинг мисија што ја создаде Советот на Европа и во услови кога Пријатели на Европа ме избраа во 2022 година во 40 највлијателни личности под 40 години во Европа – рече Николоски.
Тој рече дека оваa битка е праведна бидејќи оваа биткa е на демократската ВМРО-ДПМНЕ и на антидемократските структури кои не сакаат демократија во Македонија и дека тоа нема да се дозволи.
– Ако во 2025 година некој очекува дека ова ќе се заборави, тоа е многу наивно. Два пати ВМРО-ДПМНЕ паѓала од власт од службите и 2002 како последица на Големото уво и 2016-2017 преку прислушкуваните разговори. Ако истите тие луѓе мислат дека сме наивни и ќе ја оставиме работата по трет пат да нѐ симнат од власт на недемократски начин, тогаш сериозно нѐ потцениле. Еднаш за секогаш ќе расчистиме за да не ни се случи пак – рече Николоски.
Тој најави бескрупулозна борба за правда, против сите структури кои ги злоупотребувале тајните служни. Ги повика Обвинителството и судовите да не ги штитат структурите од претходната власт и да ја изведат правдата пред целата јавност.