ВКУСНА ПРЕВЕНЦИЈА ОД РАК НА ДЕБЕЛОТО ЦРЕВО Оваа група намирници помага во намалувањето на ризикот од колоректален карцином

Нова кинеска студија покажала дека, луѓето кои јаделе помеѓу 20 и 40 грама крстоносен зеленчук дневно имале 20 проценти помал ризик од развој на рак на дебелото црево

365

Ракот на дебелото црево е трет најчест рак во светот, по ракот на белите дробови и ракот на дојка. Во 2022 година, глобално се регистрирани 1,9 милиони нови случаи, со зголемување на бројот на случаи кај лицата под 50 години, што научниците го објаснуваат како резултат на комбинација од голем број фактори – дебелина, јадење високо преработена храна, седечки начин на живот, пиење алкохол, влијанија од околината итн.

На многумина им е јасно дека треба сериозно да се работи на превенцијата, особено во областа на исхраната. Студиите веќе покажале дека јадењето на интегрална растителна храна, влакна и риба може да го намали ризикот од развој на рак на дебелото црево, а сега нова кинеска студија, објавена во BMC Gastroenterology, конкретно го разгледала влијанието на зеленчукот од групата на крстоносниот зеленчук, како што се зелка, брокула, кељ, прокељ, карфиол, келераба, рукола итн.






Повеќе за ова прочитајте на „Арт кујна“.

Поврзани содржини