🎥 ИЗРАЕЛ УРНА 15-КАТНИЦА ВО ГАЗА, ОД ЗГРАДАТА ОСТАНА САМО ПРАВ „Продолжуваме“, објави министерот за одбрана Кац

На видеа објавени на социјалните мрежи се гледа како зградата, висока околу 15 ката, се урива по серија експлозии, оставајќи зад себе облак прашина.

1,235

Израелската армија денеска уништи повеќекатна станбена зграда во југозападниот дел на градот Газа, откако претходно ги предупреди жителите да ја напуштат областа и да се евакуираат кон југ.

Во соопштение армијата тврди дека станува збор за објект кој бил користен од Хамас.






Локалните медиуми јавуваат дека цел на нападот била зградата „Суси“, сместена до „Руја“, за која израелските сили претходно најавија дека ќе биде бомбардирана.

На видеа објавени на социјалните мрежи се гледа како зградата, висока околу 15 ката, се урива по серија експлозии, оставајќи зад себе облак прашина.

Министерот за одбрана Израел Кац сподели видео од нападот со коментар „Продолжуваме“. Вчера, по уништувањето на друг блок во Газа, тој напиша „Започнавме“.

Поврзани содржини