САБАЛЕНКА БЕЗ БОРБА СЕ ПЛАСИРАШЕ ВО ПОЛУФИНАЛЕТО НА УС ОПЕН Еве што ѝ се случило на противничката Вондрушова

Во полуфиналето 27-годишната Сабаленка ќе игра против Американката Џесика Пегула.

149

Чешката тенисерка Маркета Вондрушова се откажа од Отвореното првенство на САД поради повреда, објави прес-службата на турнирот.

Таа требаше да се соочи со првата светска тенисерка Белорусина Арина Сабаленка во четвртфиналето на Грен слемот во Њујорк.






Вондрушова се извини за откажувањето од четвртфиналето.

– Се потрудив најдобро што можев да излезам на теренот, но за време на загревањето повторно почувствував болка во коленото и по консултација со докторот на турнирот решив да не ризикувам и да не ја влошувам повредата. Благодарна сум на сите за поддршката на овој турнир и им се извинувам на навивачите кои со нетрпение го очекуваа натпреварот – изјави Вондрушова за „ЕСПН“.

Во полуфиналето 27-годишната Сабаленка ќе игра против Американката Џесика Пегула.

Поврзани содржини