КАМЕН ТЕМЕЛНИК ЗА „ЛИДЛ“ Првиот маркет ќе биде отворен во Ново Лисиче
Отворањето на „Лидл“ ќе биде најголемата германска инвестиција во секторот во земјава.
Камен темелник на најновиот продажен маркет на „Лидл“ ќе биде поставен утре, среда, во 11 часот. Локацијата е во општина Аеродром, веднаш до трговскиот центар „Лиса“.
На настанот ќе присуствуваат премиерот Христијан Мицкоски, министерот за транспорт Александар Николоски, градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески и извршниот претставник на „Лидл“, Милена Драгиска-Денчева.
Иако „Лидл“ сè уште не ги отворил своите маркети во Македонија, влијанието врз локалната економија е веќе мерливо. Само во 2024 година, повеќе од 5.500 палети сертифицирано македонско овошје и зеленчук се извезени преку европската мрежа на „Лидл“. Овој резултат е доказ дека македонските производители имаат капацитет да ги исполнат строгите меѓународни стандарди, како што се „Global GAP“ и „GRASP“.
Отворањето на „Лидл“ ќе биде најголемата германска инвестиција во секторот во земјава.
ОД ЛОКАЛНО ДО ЕВРОПСКО Лидл отвора нови можности за македонското земјоделство