ЕДЕН ЗАГИНА, ТРОЈЦА СЕ ПОВРЕДЕНИ ОТКАКО „БМВ“ ИЗЛЕТА КАЈ ДОЛНО ЧИЧЕВО Возачот имал 22 години, возел на полноќ

Од Секторот за внатрешни работи во Велес информираа дека возилото „бмв“ управувано од П.А.(22) излетало од патот при што со тешки телесни повреди се здобиле возачот и неговите сопатници Љ.О.(21), Б.П.(20), двајцата од Градско и Х.Л.(22) од с.Ногаевци.

786

Тешка сообраќајна несреќа се случила синоќа 10 минути по полноќ на локалниот пат село Горно Чичево кон Долно Чичево во општина Градско. Во несреќата починал 21-годишен жител на Градско, а тројца се здобиле со тешки телесни повреди.

Од Секторот за внатрешни работи во Велес информираа дека возилото „бмв“ управувано од П.А.(22) излетало од патот при што со тешки телесни повреди се здобиле возачот и неговите сопатници Љ.О.(21), Б.П.(20), двајцата од Градско и Х.Л.(22) од с.Ногаевци.






Од здобиените повреди починал Љ.О. а останатите повредени се пренесени во Општата болница во Велес.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција и извршен е увид од СВР Велес.

Поврзани содржини