📽️ КАМЕЊА ОД ТОЛПАТА ЛЕТАА КОН АРГЕНТИНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ Луѓето се гневни на мерките на десничарот популист
Инцидентот доаѓа во период на растечко незадоволство од економските реформи на Милеи, кои предизвикаа намалување на социјалните трошоци, раст на инфлацијата и зголемена невработеност. Локалните аналитичари предупредуваат дека оваа криза може да резултира со уште порадикални реакции од јавноста.
Претседателот на Аргентина, Хавиер Милеи, бил каменуван за време на посетата на градот Салта каде се одржал масовен марш во чест на еден од националните херои, Мартин Мигел де Гуемес. Толпата скандирала против владините мерки, а безбедносните служби го евакуирале Милеи во паника поради зголемениот ризик од физички напад.
На снимка од местото на настанот се гледа како камења летаат кон возилата кон конвојот на Милеи додека тој брза да влезе во автомобилот што го однел подалеку од толпата. Насобраните граѓани, гневни поради економската состојба, го исвиркале и навредувале шефот на државата.
– Вакво нешто не се случило со ниту еден претходен претседател – рече очевидец за локалната телевизија, опишувајќи дека била „премината границата на трпението“.
🇦🇷 Argentinian President Javier Milei was rushed out of an election campaign motorcade after the crowd hurled stones and bottles at him.
Milei was riding in a pickup truck in Lomas de Zamora, greeting residents, when clashes erupted between his supporters, police, and… pic.twitter.com/jOapXfXa7Z
— DD Geopolitics (@DD_Geopolitics) August 27, 2025
“FENÓMENO BARRIAL”
Porque Javier Milei y sus candidatos tuvieron que salir huyendo luego de que la gente quisiera lincharlo por robarle a los discapacitados.
pic.twitter.com/K5g2qRMiYf— Tendencias Mundiales (@porqetendencias) August 27, 2025
Претседателскиот кабинет на Аргентина потврди дека Милеи бил евакуиран:
„Безбедносните протоколи се активирани навреме и претседателот е на сигурно“, стои во соопштението.
Нема информации за повредени, иако неколку полицајци биле туркани и нападнати додека се обидувале да ја смират ситуацијата.
Инцидентот доаѓа во период на растечко незадоволство од економските реформи на Милеи, кои предизвикаа намалување на социјалните трошоци, раст на инфлацијата и зголемена невработеност. Локалните аналитичари предупредуваат дека оваа криза може да резултира со уште порадикални реакции од јавноста.
Ексцентричниот десничар Милеи, релативно нов на политичката сцена, води кампања за својата партија „Ла Либертад Аванза“ пред локалните избори во покраината Буенос Аирес на 7 септември.
Судири избувнаа и на друг митинг на Милеи во Хунин во понеделникот, непосредно пред претседателот да одржи говор.