НОВО БАНКАРСКО ПРАВИЛО ВО ЕВРОПСКАТА УНИЈА Ќе се проверува примачот на парите, а резултатот ќе го покаже семафор
Верификацијата на примачот ќе биде задолжителна не само во онлајн банкарството, туку и во случај на хартиени плаќања на шалтер, каде што вработен во банката ги проверува податоците на лице место.
Од 9 октомври 2025 година, сите банкарски трансфери во рамките на Европската Унија ќе мора да поминат низ нова проверка на примачот на парите во однос на бројот на меѓународна банкарска сметка (IBAN). Новото правило треба да овозможи да се намали ризикот од измама при плаќање.
За секој трансфер, банката ќе ја провери точноста на внесените податоци и ќе го прикаже резултатот преку семафорскиот систем.
Ако при плаќањето се појави ознака со зеленa боја тогаш податоците целосно се совпаѓаат („Соодветство“). Жолтата боја покажува дека податоците речиси се совпаѓаат, а банката го прикажува точното име како предлог („Блиско совпаѓање“). Црвената боја покажува дека податоците не се совпаѓаат („Нема совпаѓање“).
Во случаите кога ќе се појави ознака со црвена боја, клиентот (уплаќач на парите) ќе треба да одлучи дали да го изврши плаќањето или да ги провери информациите со примачот.
Верификацијата на примачот ќе биде задолжителна не само во онлајн банкарството, туку и во случај на хартиени плаќања на шалтер, каде што вработен во банката ги проверува податоците на лице место.
Сепак, автоматската верификација нема да биде можна за плаќања внесени во поштенското сандаче на банката, и во тој случај клиентот ќе мора да контактира со својата банка за да се увери дека трансферот е успешно завршен.