КИМ КАРДАШИЈАН ОДЛЕТА ВО МЕКСИКО СО ПРИВАТЕН АВИОН Старлетата е на семеен одмор во Кабо, а критиките дека направила старлета и од ќерката не стивнуваат

Ким Кардашијан ужива во семејното патување во Кабо со приватниот авион на Скимс, Ким Еар, додека обоѓавателите ја критикуваат дека и од својата најстара ќерка, дванаесетгодишната Норт, направила мала старлета

2,200

„Кабо засекогаш!“ напиша 44-годишната Ким Кардашијан на Инстаграм и во прилог објави фотографии од неодамнешниот одмор со децата: Норт (12), Сент (9), Чикаго (7) и Псалм (6), кои ги има со поранешниот сопруг Канје Вест.

Првата фотографија ги прикажува Кардашијан и синот Сент како се гушкаат во луксузна фотелја во приватниот авион на основачот на Скимс (американски бренд на облека и стезници за обликување на телото, чии коосновачи се Ким Кардашијан, Ема Грид и Џенс Грид, соодветно наречен Ким Ер. Сент имаше розови врвови на кадравата коса.






Патувањето на Ким во Кабо доаѓа еден ден откако Норт објави видео на Тик-Ток од неа и нејзината мајка од нивното патување во Италија. Во клипот, Норт носеше електрично сини плетенки, здолниште со карнери, црн топ во стил на корсет, стимпанк чизми и кожна чанта во облик на срце од Вивиен Вествуд. Тинејџерката носеше и куп сребрени нараквици и светкави обетки.

Токму изгледот на Норт е повод за критиките кон нејзината мајка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NORTH WEST (@northwsst)

Ким Кардашијан е критикувана од обожавателите затоа што ѝ дозволила на нејзината ќерка Норт Вест да носи корсет и мини здолниште за време на одморот во Рим. Социјалните медиуми се преполни со коментари.

 

Поврзани содржини