ПРИТВОР ЗА НАСИЛНИОТ ТАТКО За нападот врз малолетни фудбалери во Штип ќе се суди по скратена постапка

Родителот кој нападна малолетни играчи во Штип ќе остане во притвор осум дена и ќе се соочи со судење по скратена постапка.

459

Судија на претходна постапка во Основниот суд во Штип му одреди мерка притвор од осум дена на 43-годишниот А.А. од Скопје, кој во неделата на стадионот „Бело Брдо“ физички нападна двајца малолетни фудбалери за време на младински натпревар меѓу „Шкупи“ и „Брегалница“.

– Лицето ќе биде спроведено во затворот во Куманово, а по скратена постапка ќе следи и судење – изјави судијата и портпарол на Основниот суд Штип, Сашко Георгиев.






Претходно, Основното јавно обвинителство Штип поведе постапка против осомничениот за кривично дело насилство по член 386 од Кривичниот законик, бидејќи со грубо однесување ја загрозил сигурноста на двајца играчи родени 2010 година и предизвикал чувство на страв и несигурност кај публиката.

Инцидентот се случил во 89-тата минута од натпреварот, кога судијата го исклучил од игра синот на осомничениот. Прво, момчето се однесувало несоодветно, обидувајќи се физички да се пресмета со противнички играч, по што на теренот влегол неговиот татко и со тупаници и клоци ги нападнал двајцата деца од „Брегалница“. Според обвинителството, едното дете се здобило со повеќе набиеници, а другото со скршеница на нос без дислокација.

Ескалацијата на насилството ја спречиле други лица од публиката.

Во меѓувреме, Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) во текот на денот треба да објави какви дисциплински мерки ќе бидат преземени за инцидентот.

ПРЕДЛОЖЕН ПРИТВОР ЗА НАСИЛНИОТ РОДИТЕЛ Татко со тупаници и клоци претепа двајца млади фудбалери

🎥 РОДИТЕЛИ НА ИГРАЧИ НА ШКУПИ ВЛЕТАЛЕ НА ТЕРЕНОТ И НАПАДНАЛЕ ФУДБАЛЕРИ НА БРЕГАЛНИЦА Две деца со тешки повреди откако биле удирани со клоци на младинскиот натпревар

43-ГОДИШЕН РОДИТЕЛ Е УАПСЕН ПО ИНЦИДЕНТОТ НА МЕЧОТ МЕЃУ ШКУПИ И БРЕГАЛНИЦА Физички ги нападнал двајцата малолетници од Штип

Поврзани содржини