📽️ 📷 ГОЛЕМ ПОЖАР КАЈ ЧЕТИРИТЕ КУЛИ ВО КАРПОШ 4 Густ чад ја прекри населбата, огнот зафати магацин

Густ чад и високи пламени јазици ги вознемири жителите на населбата Карпош 4, сѐ уште нема информации за повредени.

1,836

Голем пожар избувна денеска во скопската населба Карпош 4, во магацински простор веднаш до четирите кули, во близина на Мостот Обединети нации. Од местото на настанот може да се забележи црн густ чад кој се издига високо над населбата, а пламените јазици се видливи од голема далечина.

Очевидци велат дека пожарот избувнал ненадејно и брзо се проширил, а граѓаните вознемирено ја следат ситуацијата од околните згради.






Според видеата и фотографиите што стигнаа до нас, се работи за постар објект околу објектот на „Макотекс“ каде се сместени повеќе приватни компании.

Наши читатели кои се наоѓаат во близина на местото на несреќата информираат дека пожарот зафаќа магацински простор кој се наоѓа веднаш до кулите, што дополнително предизвикува загриженост кај жителите.

– Пожарот на опожарените бараки (т.н. лепенки) во Влае се става под контрола. Во гаснењето учествуваат повеќе возила и екипи на БППЗ Скопје под водство на командантот на единицата Звонко Томовски. Нема информации за повредени или настрадани лица – изјави директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Plusinfo.mk (@plusinfo.mk)

Директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али информираше дека гори поранешен објект на Макотекст фирмата на улица Никола Парапунов покрај Кеј на Вардар кај мостот Обединети Нации.

– Се работи за стар објект кој повеќето од објектот нема функционалност, но во еден дел има отворено сервис за возила, барака, која има бои и лакови и други хемикалии. Еден воздухоплов на ДЗС враќајки се полн со вода од извршување на задачата за подршка во гаснење на пожарот во Маврово-Ростуше го забележал густиот дим од пожарот на објектот во Карпош и исфрлил вода над пожарот на објектот. Пожарот го гаснат неколку екипи (10 пожарникара) на Бригадата со повеќе (5 ПП) противпожарни возила – вели Али.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Plusinfo.mk (@plusinfo.mk)

Поврзани содржини