СИЛЕН РАСТ НА ГРУПАЦИЈАТА ИУТЕ ВО ПРВАТА ПОЛОВИНА ОД ГОДИНАТА Приходите пораснаа за 10,9%, базата на клиенти остана стабилна

Во првата половина од 2025 година, Иуте ја прошири својата понуда за осигурување со почетокот на партнерствата со Allianz и GrECo. Приходите од овој бизнис сегмент речиси се дуплираа во однос на претходната година, придонесувајќи за диверзификација на приходните текови, дури и надминувајќи го растот од примарната кредитна дејност.

87

Групацијата Иуте од Талин – банкарска групација која обезбедува кредитирање, плаќања и посредување во осигурување на пазарите во Југоисточна Европа под чијашто капа работи Иуте Македонија, официјално ги објави неревидираните резултати за работењето во првата половина од 2025 година, демонстрирајќи силен и стабилен раст.

Приходите на Иуте пораснаа на 59,5 милиони евра, што претставува 10,9% раст во однос на истиот период од претходната година, додека нето-добивката се зголеми за повеќе од половина во споредба со истиот период лани, изнесувајќи 6,7 милиони евра.






– Иуте продолжува сигурно кон патот на реализација на визијата да стане целосно дигитална банка на сите пазари на коишто делува. И покрај макроекономската нестабилност и силната конкуренција, направивме значаен напредок и сме на добар пат да ги исполниме зацртаните цели за приходи и нето-добивка до крајот на годината- посочи Тармо Силд, извршен директор на групацијата.

Базата на клиенти остана стабилна, изнесувајќи 260.000 активни клиенти, а во исто време, индексот на отплата CPI30 се подобри од 86,4% пред една година на 87,9%, при што секое подобрување на CPI30 за еден процентен поен е еднакво на приближно 1 милион евра во дополнителен паричен тек на 100 милиони евра портфолио на кредити.

Растот на групацијата беше поткрепен и со зголемување на ефикасноста од дигитализацијата – на пример, во небанкарскиот бизнис, целосно автоматизираните кредити учествуваа со 30,5% од сите нови исплати.

Покрај кредитирањето, платежните и осигурително-брокерските услуги добија на уште поголем интензитет.

Во првата половина од 2025 година, Иуте ја прошири својата понуда за осигурување со почетокот на партнерствата со Allianz и GrECo. Приходите од овој бизнис сегмент речиси се дуплираа во однос на претходната година, придонесувајќи за диверзификација на приходните текови, дури и надминувајќи го растот од примарната кредитна дејност.

Во јуни, групацијата Иуте успешно го заврши предвременото рефинансирање на својата евро-обврзница за 2021/2026 година, додека во исто време компанијата издаде нови обврзници со висок степен на обезбедување кои доспеваат во 2030 година со вкупен обем од 140 милиони евра, надминувајќи ја почетната цел од 125 милиони евра. Новите обврзници со годишна каматна стапка од 12% беа котирани на берзите во Талин и Франкфурт.

Во јули, меѓународната рејтинг агенција Fitch Ratings го потврди долгорочниот кредитен рејтинг на Iute Group на B- со стабилна перспектива и го додели истиот рејтинг на новите обврзници за 2025/2030 година.

Голем исчекор за компаниајта оваа година беше доделувањето на официјална лиценца за издавање електронски пари и вршење платежни услуги на IutePay Македонија, лиценца со која Иуте Македонија го заокружува еко-системот на услуги, откако по кредитирањето како примарна дејност, неодамна влезе и во осигурително-брокерскиот пазар, со започнување на работата на Iute Safe.

„Ова е уште една потврда на заложбата на групацијата и нејзините членки на имплементирање на  последната технологија, дигитални решенија, брзина и флексибилност, овозможувајќи им на корисниците целосна контрола преку мобилни и онлајн платформи и обезбедување на целосно дигитални решенија за плаќања“, порачуваат од Иуте.

Компанијата вели дека „ќе продолжи посветено да работи на раст на активни клиенти во наредните квартали, преку вложување во капитал, технологија и експертиза, како и создавање на услуги кои ќе креираат дополнителна вредност на клиентите“.

Целиот сумиран извештај и преглед е достапен тука.

Поврзани содржини