КРВАВА РАСПРАВИЈА ВО ДЕБАР Маж прободен со нож, полицијата го уапси 32-годишниот напаѓач

МВР соопшти дека напаѓачот е приведен и против него ќе следува кривична пријава.

253

32-годишен жител на Дебар синоќа беше уапен од страна на полицијата бидејќи е осомничен за напад со остар предмет врз негов сограѓанин.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил вчера околу 22:30 часот, по претходна вербална расправија помеѓу двајцата мажи.






Во расправијата, осомничениот К.Т. (32) со остар предмет го нападнал Ф.Д. и му нанел убодна рана. Нападнатиот веднаш бил пренесен на лекарски преглед, а полицијата брзо реагирала и околу 23:45 часот го лишила од слобода осомничениот напаѓач.

„Лицето е задржано во полициската станица Дебар. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, информираа од МВР.

Поврзани содржини