ВИСТИНАТА ЗА МЕСОТО Дали навистина ќе ви ги затне артериите, ќе ви предизвика рак и ќе ви го скрати животот?
Марк Хајман, доктор и практичар по функционална медицина, за најконтроверзната храна на нашата чинија
Ако јадете месо, дали тоа ќе ги затне вашите артерии, ќе предизвика рак или дијабетес тип 2 и ќе ви го скрати животот? Дали е тоа вистина? Можно е. И не сте единствените што мислат така. Тоа е она во што веруваат многу луѓе, и љубители на месо и оние што не јадат месо.
Таа намирница што ја јадеме целиот живот стана најконтроверзната состојка на нашите чинии. Таа е тема на некои од најжестоките дебати во прехранбената индустрија, од спротивставени теории за исхраната и лошото здравје на нациите до влијанијата врз животната средина и неетичкиот третман на животните. Сè се сведува на голем, комплициран конфликт, вели д-р Марк Хајман, семеен лекар и заговорник за функционална медицина и автор на бројни книги за здравје, кој се зафати да истражи дали месото е лошо или добро и дали треба да јадеме многу, малку или воопшто да не јадеме ако сакаме да живееме долго и да бидеме здрави.
Го јадеме отсекогаш
– Јадеме месо отприлика колку што постои и нашиот вид. Научниците кои ги проучуваат современите ловци-собирачи, луѓе кои живеат и се хранат многу слично на нашите палеолитски претци – со многу месо и малку шеќери (јаглехидрати) – гледаат дека тие немаат типични знаци на срцеви заболувања, дијабетес и други хронични заболувања. Тешко е да се замисли дека храната што ги одржувала цивилизациите низ целата планета со милениуми цело време полека нè убива. Сепак, во последните децении, застапниците на исхраната без месо меѓу научниците го поврзуваат месото со бројни болести – од рак до срцеви заболувања и дебелина до дијабетес – вели д-р Хајман во книгата „Храна: Што би требало да јадеме?“. Д-р Хајман додава дека треба да се каже и дека постојат истражувања кои покажале дека е точно спротивното.
Прочитајте повеќе на порталот „Арт кујна“.