120.000 УКРАИНЦИ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ОД САД Бегалците останаа без легален статуст, Трамп им го укина
Околу 120.000 Украинци, кои влегле во САД по август 2023 година преку програмата „Обединети за Украина“, остануваат без легален престој поради укинување на механизмот за обновување на дозволите.
Десетици илјади украински бегалци во Соединетите Американски Држави почнуваат да го губат својот легален статус и правната заштита што им овозможуваше да престојуваат и работат во земјата. Овој пресврт ги изложува на ризик од апсење и депортација, доколку администрацијата на претседателот Доналд Трамп не донесе итни мерки за продолжување на нивниот престој.
Станува збор за околу 120.000 Украинци кои во изминатите две години влегле во САД преку програмата „Обединети за Украина“, иницирана од поранешниот претседател Џо Бајден. Програмата беше создадена како забрзан канал за преселување, овозможувајќи двегодишен престој со право на работа, под услов да имаат приватен спонзор на американска територија.
Со доаѓањето на Трамп на власт, оваа програма беше укината, а автоматското обновување на дозволите престана. Од вкупно 250.000 Украинци кои влегле преку овој механизам, токму оние што пристигнале по 16 август 2023 година сега ќе останат без легален статус.
Иако во јуни претседателот најави дека е подготвен да дозволи останување на украинските бегалци до крајот на војната, засега нема донесено официјална одлука. Во меѓувреме, украинските заедници и хуманитарни организации во САД предупредуваат дека луѓето се наоѓаат во „двострана замка“ – немаат финансиски средства за ново преселување, а истовремено не можат безбедно да се вратат во војната погодената татковина.