ВО ПРВАТА НЕДЕЛА ОД СЕПТЕМВРИ ЌЕ СЕ ЗНААТ СИТЕ КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ Партнерите ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ се блиску до договор за Куманово и за Центар

Мериме уште неколку општини, да видиме дали кандидатот од ЗНАМ или кандидатите од ВМРО-ДПМНЕ имаат подобри перформанси кај граѓаните, вели премиерот Христијан Мицкоски.

576

ВМРО-ДПМНЕ од денеска продолжува со мерењата на рејтинзите за кандидатурите за престојните локални избори, а кандидатите за градоначалници за преостанатите општини каде што досега не се номинирани ќе бидат познати во првата недела од септември, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Тој рече дека крајниот рок за доставување на кандидатирите е 13 септември.

 






Одговарајќи на новинарско прашање за соработката со коалицискиот партнер ЗНАМ за општините Центар и Куманово, Мицкоски истакна дека се мошне блиску до договор.

– Не би можел да кажам дека имаме конечен договор, но многу блиску сме до договор. Во таа насока мериме уште неколку општини, да видиме дали во тие општини кандидатот од ЗНАМ или кандидатите од ВМРО-ДПМНЕ имаат подобри перформанси кај граѓаните. Уште две-три општини се отприлика во фокусот на тие разговори. И убеден сум дека на крај ќе постигнеме договор за заедничка поддршка на кандидатите за градоначалници. Што се однесува до советничките листи, коалицијата што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ ќе си има свои листи, а политичката партија ЗНАМ ќе си има свои листи – додаде Мицкоски.

Поврзани содржини